Еден со друг ЗАСЕКОГАШ: Овие показатели даваат слика на СОВРШЕНО СПОЕНИ СРОДНИ ДУШИ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Редовното гледање, водењето љубов двапати неделно и искреното изјавување љубов секојдневно се наоѓаат помеѓу првите пет показатели дека вашата врска е силна и дека навистина сте сродни души.

Како што пренесува порталот Her, едно британско истражување покажува дека на број еден се наоѓа способноста да се признаат своите грешки кога ќе сфатите дека сте погрешиле.

Тоа значи дека го почитувате својот партнер доволно да ги усвоите неговите аргументи и да пуштите нешто да ве научи.

Уште еден интересен факт вели дека за хармонијата во врската допринесува и работното време на обајцата, односно кога двајцата партнери имаат работни обврски.

Уште некои од показателите кои се на листата се истиот вкус во филмовите и музиката, еднаквото оддржување на хигиената и бројот на разменети бакнежи кои никогаш не би смеело да бидат под пет во текот на денот.