Еден починат и петмина повредени во стравична сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во тешка сообраќајна несреќа која денес околу 14 часот и 15 минути се случи на патот Куманово-Крива Паланка, кај село Облавце, која ја предизвикаа неколку возила и цистерна, загина едно лице, а петмина се повредени.

На лице место се упатиле повеќе амбулатни возила, противпожарно возило и возила на шлеп служба.

Во моментот сообраќајот на овој патен правец е затворен и има километарска колона автомобили. Дел од возачите се упатуваат по локалните патишта.