Две лица приведени за лажанта дојава за бомба во скопски Сити Мол


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поилициските служби приведоа двајца 19-годишници за лажната дојава за подметната бомба во скопскиот трговски центар „Сити Мол“.

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР вчера приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје.

МВР соопшти дека се приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера попладнето беше извршена евакуација во трговскиот центар „Скопје Сити Мол” во населбата Карпош, поради дојава за бомба.

Полициски екипи со кучиња трагачи повеќе од три часа детално ги пребаруваа сите простории.

Претходно, од МВР изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен беа испратени екипи од полицијата.