Две лица потешко повредени во собраќајки во Скопје


Германија пред елиминација!? - 8 ден ↓↓↓



Две лица се потешко, а десет полесно повредени во 11 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие. Од сообраќајките три биле со причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 33 возачи за пречекорување на пропишаната брзина. Исклучени се 15 возачи од сообраќај, од кои 12 поради управување на возилото пред да стекнат такво право, двајца биле под дејство на алкохол, а еден бил возач почетник.

Едно возила е исклучено од сообраќај поради техничка неисправност, а имало 15 нерегистрирани возила. Непрописно биле паркирани 115 возила, а „пајакот“ подигнал 47 возила.