ДУИ: „Да! Тој доаѓа!“, Тито Петковски – „Мислите на Битиќи, така?“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Политичките аналитичари и познавачи на партиските дворски и заткулисни игри не очекуваат во Македонија да има предвремени избори. Очекуваат главната партиска позиционо-опозициона битка да се води дали парламентарните избори наредната година да се спроведат заедно со претседателските.

На ова инсистираат од ВМРО-ДПМНЕ додека СДСМ е за раздвојување-претседателски избори пролетта 2024 година а парламентарни избори есента.

Предвремени избори во мај или првата недела од јуни без техничка влада, во спротивно парламентарни избори заедно со претседателските в година.

Ова е понудата со која денеска излезе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски прашан што мисли за кампањата на ДУИ за тоа дека за неколку месеци доаѓал премиер албанец и дали во тоа гледа навестување за предвремени избори.

За кампањата што ДУИ ја отвори пред се на социјалните мрежи насловена „Тој Доаѓа“ а асоцира на договорот со СДСМ за премиер албанец на предизборна-техничка влада, аналитичарите Арсовски и Јонуз велат дека ова е популистички трик на интегративците насочен кон придобивање и мобилизирање на гласачи во услови кога „огнената група“ е се погласна за разрешување на вицепремиерот Артан Груби и министрите од ДУИ, сега и со петиција на социјалните мрежи.

Едно од првите толкувања на оваа кампања е дека се работи за она што го најавуваат повеќемина високи функционери деновиве – дека Македонија е подготвена за прв премиер-Албанец.

„Читам: „Да!Тој доаѓа” е новиот слоган на ДУИ со кој се најавува првиот премиер Албанец. Се надевам дека мислат на Фатмир Битиќи, заменик на премиерот за економски прашања. Покомпетентен, постручен, поспособен и по одговорен член на Владата во овој момент не постои. Освен тоа, Албанец е по етничка припадност. Токму онаков каков што бара ДУИ!“, напиша Петковски на Фејсбук.