Home Шоубизнис Драматичен трејлер за новата серија со Том Харди

Драматичен трејлер за новата серија со Том Харди

Taboo е насловот на најавениот филмски хит во формат на мини-серијал во продукција на BBC, кој со здружени сили го креираа Стивен Најт, Том Харди и неговиот татко, Чипс Харди.

Десетина дена пред премиерата BBC го објави новиот трејлер за мини-серијалот кој сигурно љубителите на  британскиот филм ќе ги „прикова“ за фотелјите.

Приказната раскажана во осум епизоди е посветена на авантуристот кој го игра Том Харди, а кој се враќа од Африка во Велика Британија после долго отсуство, барајќи освета за смртта на својот татко. Останатите улоги ги толкуваат Оона Чаплин, Дејвид Хајман, Мајкл Кели, Џоната Прајс и други, а еден од извршните продуценти е неодминливиот Ридли Скот.

Премиерата е закажана за 7 јануари, на ВВС, а на американскиот FX првата епизода ќе биде емитувана на 10 јануари, 2017.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …