Home Мода и убавина Дозa на префинетост: шал-мантилот како моден хит на сезоната

Дозa на префинетост: шал-мантилот како моден хит на сезоната

Доколку мислевте дека некои модни микро трендови се само моментален хит, време е да ја промените таа претпоставка.

Скарф капутот – или двојното есенско совршенство кое комбинира капут и шал – се враќа оваа сезона како клучен дел од гардеробата за студените денови. Неговата еволуција оди далеку над класичните линии на капутот, и денес го гледаме и во форма на џемпери и јакни, потврдувајќи дека овој домислен дизајн е идеална мешавина на стил и практичност.

Она што особено нè воодушевува е функционалноста: заборавете на моментите кога брзавте и го заборавивте шаловот – тој сега е составен дел од капутот. Овој внимателно осмислен детаљ внесува доза префинета елеганција и луксуз во секое парче, додека го олеснува секојдневното носење.

Сезоната 2025. донесува широк избор на стилови: од долги, елегантни модели што ги препорачуваат Макс Мара и Тотем, совршени за прошетки низ градот и деловни средби, до пократки и поопуштени варијанти, погодни за динамичното секојдневие. Секоја верзија ја истакнува удобноста, но и прецизниот визуелен изглед, трансформирајќи го скарф капутот во модно парче што се носи со стил и самодоверба.

Без разлика дали ќе одберете префинет подолг модел што елегантно паѓа врз рамениците, или пократка варијанта која лесно се комбинира со омилените фармерки и чизми, скарф капутот е потврда дека есенската мода може да биде и практична и беспрекорно шик. Оваа сезона, скарф капутот не е само моден избор – тој е навика, знак дека сте подготвени да ги пречекате студените денови со елеганција, топлина и инспирација.

Откријте ги нашите фаворити во галеријата со фотографии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…