Домашна маска со спирулина за сјајна кожа
Сакате вашата кожа да биде помека, посвежа и да изгледа блескаво, како штотуку да сте се вратиле од одмор – и сето тоа без никакви филтри?
Имаме рецепт кој не бара луксузен третман, туку само два состојки и неколку минути време.
Запознајте ја главната хероина: спирулината – синозелена алга која има статус на суперхерој во светот на убавината. Богата е со антиоксиданси и хлорофил, ја чисти кожата, ја зајакнува, ѝ ја враќа еластичноста и ѝ дава оној природен „glass skin“ сјај кој најчесто го гледате само на социјалните мрежи.
Дополнително? Помага и против акни, па доколку ви излезе некое несакано мозолче – спирулината е тука да ја спаси ситуацијата.
Сè што ви треба за оваа мала магија во сад:
– ¼ лажичка спирулина во прав
– неколку капки филтрирана вода
Измешајте ги состојките, нанесете со четка или со прсти (избегнувајте ја областа околу очите), оставете да делува 15 до 20 минути и – voilà!
Ако имате чувствителна кожа, измијте штом почувствувате затегнување. Исперете со млака вода, погледнете се во огледало и подгответе се да кажете:
„Кој треба скапа маска, кога имам спирулина?“