Home Вебкафе Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве како да уживате во вашата лична верзија на dolce far niente.

Овој израз доаѓа од италијанската традиција и претставува вистинска уметност на живеење — способноста да се забави темпото, да се почувствува моментот и да се ужива во едноставните нешта. Не е само животна филозофија, туку и науката потврдува дека одморот од постојаната брзање е неопходен. Истражување на универзитетот Инсеад во Франција ја потенцира важноста на малите паузи во потполен мир, кои ја поттикнуваат креативноста и помагаат при решавање на предизвици.

Понекогаш е доволна само прошетка низ природа, омилена песна, нова книга или игра со децата за мозокот да се ослободи од стрес и да се исполни со инспирација. Еве како да внесете малку dolce far niente во вашиот живот летово:

1. ЗАБАВЕТЕ ГО ТЕМПОТО

Отстранете ги сите работи што ви го креваат притисокот и создаваат стрес — особено додека сте на одмор. Ослободете простор и во денот и во мислите. Вежбајте трпение и дозволете си да бидете поспори, без брзање.

2. ВОВЕДЕТЕ „БАВНА“ НЕДЕЛА

Издвојте еден ден од неделата за потполна релаксација и грижа за себе. Без обврски, без рутина — само уживање и мир.

3. БЕЗ ВИНА УЖИВАЈТЕ ВО ДРЕМАЊЕТО (ДОРИ И ДВЕ, ТРИ)

Во Италија попладневната дремка е вистинска уметност — идеално време за рестарт и уживање. Замислете удобна дремка на лежалка покрај базен, со ладен коктел, по која се будите целосно освежени.

4. ИСКЛУЧЕТЕ СЕ ОД ТЕХНОЛОГИЈАТА

Целосен дигитален детокс е спас — исклучете ги известувањата, не проверувајте мејлови, тргнете го погледот од екранот и бидете присутни во моментот.

5. ПРОВЕДЕТЕ ВРЕМЕ НА ОТВОРЕНО

Легнете на трева, апсорбирајте ги сончевите зраци, уживајте во погледот и звуците на природата. Прошетки, капење, пикник или едноставно набљудување на минувачите — сето тоа опушта и смирува.

6. ТЕРАСАТА – ВАША ОАЗА

Создајте пријатна атмосфера на вашата тераса. Искористете ги топлите летни вечери за дружење со семејството и пријателите, со вкусна храна и освежително пијалокче во рака.

7. ПРИФАТЕТЕ ЈА СПОНТАНОСТА

Не планирајте секоја минута. Дозволете му на денот да тече природно — излезете во прошетка без одреден правец, посетете непознато место или пробајте нешто сосема ново.

8. ВЕЖБАЈТЕ СВЕСНОСТ

Фокусирајте се на сегашниот момент, дишете длабоко, слушајте ги звуците околу вас и уживајте во деталите — вкусот на омилениот сладолед, песната на птиците, чувството на песокот под прстите.

9. УЖИВАЈТЕ ВО ЕДНОСТАВНИ ЗАДОВОЛСТВА

Секој мал момент може да биде скапоцен — споделете парче пица, уживајте во топка сладолед во парк или појадувајте додека ги гледате авионите како полетуваат.

10. СОЗДАДЕТЕ СВОЕ АГОЛЧЕ ЗА РЕЛАКСАЦИЈА

Место каде што можете да читате, да водите дневник или да слушате музика и целосно да се опуштите.

+1. ИСПРОБАЈТЕ „НАДИЗАМ“

Ова е движење што во 2003 година го основал бразилскиот дизајнер Марсело Борер — неговите следбеници еднаш неделно се собираат околу бел коцкаст симбол на потполна празнина и 45 минути не прават ништо, уживајќи во тишина и целосен мир.

Најважното правило на Dolce Far Niente:
Нема место за вина затоа што не правите „нешто продуктивно“. Тоа е совршено во ред. Оваа година фрлете ја вината во морето и препуштете се на лењоста — каде и да ве зафати, животот е тука и за тоа!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кралицата на гламурот се среќава со холивудската легенда: Ким Кардашијан со историските обетки на Елизабет Тејлор

Во светот каде што модата сè почесто ги надминува границите на обичното и навлегува во тер…