
Емотивниот живот на Цеца Ражнатовиќ веќе некое време е непознаница за јавноста
Емотивниот живот на Цеца Ражнатовиќ по раскинувањето со Богдан Срејовиќ е обвиен со мистерија.
Никој, а најмалку медиумите, не знаат дали пејачката е заљубена и, ако е, кој е мажот што ѝ шепоти најубави љубовни стихови навечер.
Откако се разочара по врската со Срејовиќ, инаку поранешниот сопруг на сегашната девојка на Саша Ковачевиќ, и откако дозволи јавноста да ѕирне повеќе отколку што требаше во нејзината интимност, Цеца одлучи повеќе да не зборува за љубовта.
Сепак, сега откри дека е сама
– Затоа што сум сама, затоа и убаво изгледам… Добро гаражиран олдтајмер! – рече Цеца на свој препознатлив начин.
– Одлично се чувствувам, добро ми е, мојата среќа не зависи од партнер! Имам многу причини да блескам, се сметам за остварена и задоволна жена… Имам пријатели, публика што ме следи низ целиот свет, па каде понатаму? – додаде таа за Премиера, викенд специјал.
Откри кога последен пат била кај Анастасија во Шпанија
– Минатата година последен пат отидов во Шпанија кај Анастасија, навистина немав време поради сите обврски – изјави музичката ѕвезда.