Димитров: Ако нема цензус на референдумот – на потег ќе биде Собранието


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на пресконференција изјави дека ако мнозинството граѓани на референдумот се изјаснат за договорот со Грција и влез во ЕУ и НАТО, а притоа не се обезбеди потребниот цензус, тоа ќе биде земено предвид и процедурата ќе се врати во Собранието. Доколку пак има само еден глас повеќе кој е против референдумското прашање тогаш процедурата завршува.

Сепак Димитров порача дека со седење дома не се донесува одлука и дека одлучуваат само оние кои ќе излезат да гласаат.

„Ако има еден глас повеќе Не, ние ќе се поклониме и ќе кажеме Оваа работа не поминува. Само тие што гласаат може да влијаат на таа одлука. Ако мнозинството каже Да, дури и да нема цензус, тоа ќе биде земено во предвид, но ситуацијата ќе се врати во Собранието“ – изјави Димитров.

По однос на уставните промени пак Димитров потенцираше дека тие не се однапред напишани и дека Собранието е единственото меродавно тело кое ќе треба да ги направи откако претходно за да го отвори процесот потребно е да обезбеди 2/3 мнозинство на пратеници. Промените во преамбулата пак како што појасни се однесуваат само во делот на АСНОМ каде ќе бидат поединечно навеени сите конкретни одлуки кои до сега не биле наведени. По однос на договорот исто така дообјасни кои се придобивките од истиот.

„Поетните на четирите уставни амандмани се: Првиот се однесува на географската одредница северна кон името Македонија. Втортиот се однесува да не ги чепкаме границите, уште поголем чекор од немање територијални претенции што е дел од спогодбата. Ниту Грција кон нас има територијални претензии ниту ние кон нив. Грижата за припадниците на македонското малцинство во соседните земји ќе се прошири на грижа за правата на целата дијаспора на РМ во целиот свет. И конечно во делот на преамбулата нема да се чепка ништо во делот на државно-правниот наратив кој почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ до референдумот за независност од 1991 година, туку ќе ги конкретизира, поединечно ќе ги наведе конститутивните одлуки на АСНОМ. Тоа се поентите. Формулациите не постојат ниту се преговарани, бидејќи тоа е наша работа, на Собранието“ – изјави Димитров.