Home Шоубизнис ДиКаприо со својот брод спасил човек кој 11 часа пливал на отворено море

ДиКаприо со својот брод спасил човек кој 11 часа пливал на отворено море

Американскиот актер Леонардо Ди Каприо се наоѓал на бродот кој успешно го лоцирал и спасил човек кој 11 часа пливал на отворено и му се заканувала опасност да се удави.

Акцијата за спасување се случила на 30 декември минатата година, недалеку од островот Свети Бартоломеј во Малите Антили, пренесува Дејли Меил.

Операцијата за спасување се случи кога капетанот на бродот на кој пловел ДиКаприо слушнал дека 24-годишен француски државјанин паднал од крузер, кој пловел во областа. Актерот, наводно, веднаш се согласил неговиот брод да се приклучи на операцијата за спасување.

Повеќечасовното пребарување во лоши услови било успешно завршено, а човекот е спасен, откако екипажот на бродот на Ди Каприо забележал како некој мавта со рацете во морето.

Подоцна било откриено дека бродот на ДиКаприо бил единствениот кој го барал несреќниот патник на крузерот . Капетанот на бродот на ДиКаприо подоцна изјавил дека можноста да се спаси загубениот била „една во милијарда“.

Во водите околу Свети Бартоломеј, ДиКаприо го поминал периодот помеѓу Божиќ и Нова година, со својата девојка Камила Мороне (22).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…