Home Вебкафе Џенифер Лопез блесна на Неделата на висока мода во Париз: Прв пат во првиот ред на ревијата на Зухаир Мурад

Џенифер Лопез блесна на Неделата на висока мода во Париз: Прв пат во првиот ред на ревијата на Зухаир Мурад

Џенифер Лопез ги привлече сите погледи на Неделата на висока мода во Париз, каде за прв пат присуствуваше на ревија на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад. Нивната соработка трае повеќе од деценија, а овој моден момент претставуваше симболична потврда на едно од најпознатите креативни партнерства во светот на модата.

Париз овие денови е епицентар на висока мода, каде што најголемите модни куќи ги претставуваат haute couture колекциите за сезоната есен/зима 2026/2027. Во морето од гламурозни изданија, едно име особено се издвои – Џенифер Лопез, која за прв пат седна во првиот ред на ревијата на Зухаир Мурад, дизајнер чии креации со години ги избира за своите најважни јавни настапи.

Доаѓањето на светската музичка и филмска ѕвезда предизвика голем интерес кај фотографите и модната публика. Верна на својот препознатлив гламурозен стил, Лопез одбра впечатлив стајлинг кој совршено ја одразуваше софистицираната естетика на модната куќа Зухаир Мурад.

Нивната соработка почнува уште од 2010 година, кога Џенифер Лопез првпат ги откри креациите на Мурад гледајќи модни ревии на телевизија. Восхитена од неговиот дизајн, истата година за Мет Гала одбра сребрена фустан без прерамки украсен со богат вез, со што започна долгогодишно партнерство.

Во разговор за либанскиот креатор, Лопез повеќепати истакнала дека неговото разбирање на женската силуета е она што го издвојува меѓу водечките светски дизајнери.

„Неговите креации зрачат со гламур, но она што најмногу ме привлече е начинот на кој го разбира женското тело,“ изјави пејачката.

Таа додаде дека во неговите фустани секоја жена се чувствува посебно.

„Малку се дизајнери кои навистина знаат да ја истакнат убавината на женската фигура. Кога ќе облечете негов фустан, се чувствувате како најубавата жена на светот.“

Иако со години ги носеше неговите креации на црвениот тепих, концерти и за време на резидентните настапи во Лас Вегас, дури сега за прв пат присуствуваше на неговата couture ревија во Париз. Поради бројни професионални обврски, порано немаше можност да биде дел од овој моден настан.

„Многу сум среќна што сум тука за да го поддржам,“ порача Џенифер Лопез, потврдувајќи уште еднаш колку ја цени долгогодишната соработка со еден од најпознатите дизајнери на висока мода.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Можеме ли навистина да се одмориме на одмор или стресот останува со нас?

Одморот треба да биде ветување на тишина, забавување и враќање кон себе. Меѓутоа, за многу…