Home Мода и убавина Џемпери со ромбови – ретро шмек што ја освојува зимата

Џемпери со ромбови – ретро шмек што ја освојува зимата

Џемперите со ромбови: ретро дијаманти што ѝ пркосат на зимата

Оваа зима, парчето кое е must-have и шепоти елеганција и британска префинетост е џемперот со дијамантски, односно ромбоиден дезен.

Инспириран од традицијата на британската аристократска облека и тартан наследството на Шкотска, овој дезен кој датира од 17-тиот век спектакуларно се враќа на модната сцена со свежа и модерна енергија. Дијамантските мотиви што некогаш ги краселе килтовите и палтата, денес ги поврзуваат ретро и preppy стиловите со удобноста на секојдневното носење.

Џемперите со ромбови претставуваат симбол на ненаметлива софистицираност – без разлика дали ќе се одлучите за модели од колекцијата на Клое за елегантен спој со pantalonи со широки ногавици, темносино за канцелариски шик изглед, или жолт модел од Guest in Residence за лежерен урбан стил. Oversized моделите на Томи Хилфигер во топли кафени нијанси се совршени за дневна удобност, додека црвените ромбови од колекцијата на &Daughter носат неочекуван пресврт во секојдневните и outdoor комбинации.

Од класични до живописни, од ретро до модерни – џемперот со ромбови останува безвременски избор, подготвен да биде срцето на вашиот зимски стајлинг, без разлика дали сте на работа, на кафе со пријатели или во вечерна прошетка низ град.

Погледнете ги најубавите модели од актуелната понуда на популарните брендови во галеријата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Нови мириси што ќе направат вистински спектакл оваа зима

Како што деновите стануваат постудени, слоевите облека подебели, а атмосферата сè покоузна…