Кои се тајните за убавина на Џеки Оназис што сè уште се актуелни?
Џеклин Кенеди Оназис беше една од најобожаваните икони на убавината во светот. Нејзината коса, густите веѓи и препознатливите големи очила се само дел од нејзиниот впечатлив изглед. Денес ѝ се навраќаме на нејзината рутина за убавина – од пудрата што ја обожаваше до улогата на шампањот во нејзината исхрана.
1. ЖЕЛБА ЗА СОНЦЕ
Џеки Оназис избегнувала сонце и секогаш носела шешири. Но нејзиниот дерматолог имал поинакво мислење – го нагласувал придобивките од сонцето и ја советувал да не се плаши од пеги, бидејќи ќе исчезнат на есен. Сосема различен пристап во споредба со денешните дерматолози.
2. НЕЈЗИНАТА КОЖА
Имала доверба во дерматологот Ерн Ласло, кој се грижел и за кожата на Мерилин Монро. Тој ѝ препорачал да избегнува премногу масла и креми, со цел да ги намали темните дамки и грубите нерамнини на кожата.
3. НЕЈЗИНАТА КОСА
Легендарниот фризер Кенет стоел зад нејзината иконична фризура. Меѓу неговите клиентки биле и Лорен Бакол, Дајана Вриланд, Џин Шримптон, Џуди Гарланд, Кетрин Хепберн и Мерилин Монро. По нивната прва средба, ѝ препорачал да ја пушти косата подолго, за да може да носи бранови.
4. СВИЛЕНА ПЕРНИЦА
За да ѝ биде косата здрава и мазна, секогаш спиела на свилена перница и со свилена марама. Овој трик денес е исклучително популарен и за нега на кожата и косата.
5. НЕЈЗИНИОТ ОМИЛЕН ШМИНКЕР
Питер Ламас ѝ предложил да користи масло на краевите на косата и долж неа, за хидратација и нега. Најмногу ја сакала аромата на лаванда.
6. НЕЈЗИНАТА ОМИЛЕНА ПУДРА
За сјајна кожа и прикривање на флеки од сонце, Џеки Оназис ја користела пудрата Flawless Finish Foundation од Elizabeth Arden.
7. НЕЈЗИНИОТ КАРМИН
Имала силно изразени веѓи и носела минимална шминка. Но секогаш обожавала кармини – најчесто во нијанси на бобинка и корална боја.
8. НЕЈЗИНИОТ ПАРФЕМ
Ако се прашувате како мирисала Џеки, побарајте го Lovely Patchouli 55 од француската луксузна парфимерија House of Krigler’s. Парфемот со ноти на амбер, бергамот, пачули и цитрус го користела секојдневно.
9. ФИТНЕС
Следејќи ги советите на Ерн Ласло, Џеки секојдневно шетала и тоа ѝ било главната форма на физичка активност.
10. ДА – МАРАМА
Секогаш имала решение за денови кога косата не била во најдобра состојба. Носела елегантна свилена марама, најчесто од Hermès. А за подочњаци – ги покривала со големи очила за сонце.
11. ИСХРАНА
Нејзиниот појадок вклучувал две варени јајца, за ручек јадела скара, а за вечера месо и салата. Наместо вода, вечерата најчесто ја придружувала со чаша шампањ.