Џамбаски сака да ги враќа моштите од Гоце Делчев во Софија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ги коментираше најавените блокади на патиштата за 4 февруари кога се очекува бугарски граѓани да дојдат и да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев во Скопје.

„Провоцирање, јазик на омраза, следење, напади, обид за убиство на Бугари, поради нивното национално самоопределување, тоа премина во државно организирана блокада на патиштата и граничните премини за да не се дозволи на Бугарите да се поклонат пред гробот на Бугаринот Гоце Делчев.

Време е да побараме од властите во Софија ова прашање да биде решено еднаш засекогаш. Ковчегот со моштите на Гоце Делчев треба да биде вратен во Софија.

Започнувам иницијатива со барање кон бугарските власти за враќање на посмртните останки на Георги Николов Делчев, бугарски учител, офицер и револуционер во Софија“, објави Ангел Џамбаски.

Овој пост е реакција на иницијативата на социјалните мрежи која се шири со голема брзина, а ги повикува сите граѓани на 4 февруари да ги блокираат патарините кон Скопје, граничните премини Деве Баир и Делчево.

„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.