Home Актуелно Џафери вели: Локални во октомври

Џафери вели: Локални во октомври

Парламентарните партии кои денеска беа на координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, се договориле дека исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнување договор за донесување Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците, соопштија кабинетот на собранискиот спикер.

На оваа координација присуствувале претставници на СДСМ и коалицијата, ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците и ДПА, но не и ВМРО-ДПМНЕ, од каде најавија дека да присуствуваат на координација на нелегално избран претседател. Но, од кабинетот на Џафери информираат дека тој на состанокот бил запознат со заклучоците од неформалната средба на преставниците на политичките партии која се оддржа во саботата. На оваа средба, на која учествуваше и претставник на ДПМНЕ, партиите се согласиле да се исклучи секаква можност за нејзино непотребно одолжување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…