Џафери најави седница за гласање на Владата на 15 или 16 јануари


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Претседателот на македонското собрание, Талат Џафери, денеска изјави дека претседателот на државата, Стево Пендаровски утре ќе му го додели мандатот на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Џафери на прес-конференција посочи дека по ова течат роковите за состав на Влада и програма.

– Најверојатно, седница во Собранието за гласање на Влада ќе биде на 15 и 16 јануари, рече Џафери.