Девојката на словенечкиот премиер е жешка убавица и бивша мисица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


55-годишниот премиер на Словенија, Роберт Голоб, е во врска со 20 години помладата бивша мисица Тина Габер. Тие двајца заедно се појавија на доделувањето на Прешерновите награди во Љубљана и со тоа ги потврдиле шпекулациите за нивната љубовна врска, кои извесно време пишуваа словенечките медиуми.

Премиерот Голоб не сака да зборува за неговиот приватен живот, особено не за љубовниот, но по појавувањето во јавноста со Тина ја разбуди љубопитноста во јавноста.

Габер од претходно ѝ е позната на словенечката јавна сцена. Таа е поранешна „Miss Hawaiian Tropic“, ТВ водителка, инфлуенсерка и поранешна лобистка. Оваа поранешна мисица на Инстаграм има повеќе од 19.000 следбеници, а сака да споделува искуства од патувањата. Инаку е веганка и голем борец за правата на животните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Gaber (@tina_gaber)

Пред премиерот, Тина била во врска со пејачот Јан Плестењак, а се пишуваше и дека се забавува со поранешниот словенечки министер за транспорт и врски, Патрик Влачич.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Gaber (@tina_gaber)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Gaber (@tina_gaber)

Голоб минатата година се разведе од сопругата Јана Немец. Тој не сакаше јавно да зборува за разводот, додека во една словенечка ТВ емисија открил дека живее сам со децата.