Home Вебкафе Девојка постави рекорд во јадење шиш ќебапи: „Смачкала“ 255 парчиња за 23 минути

Девојка постави рекорд во јадење шиш ќебапи: „Смачкала“ 255 парчиња за 23 минути

40-тина килограми тешката студентка од Турција, Черен Јилмаз, го соборила рекордот во брзо јадење шиш ќебапи на еден ресторан во Анталија успевајќи да изеде 255 шишќебапи за само 23 минути.

Јилмаз испила три чаши ајран, две шишиња вода, а јадела и салата при поставувањето на рекордот. Вкупно 21 студент се натпреварувале во јадењето шиш ќебапи, а Јилмаз за победата добила мобилен телефон и златен накит вреден 55 евра, како и право бесплатно да јаде во ресторанот во следните четири месеци.

Студентката изјавила дека се пријавила на натпреварот за да им покаже на сите што ја исмевале за недостигот на килограми.

„Тежев 47 килограми по натпреварот. Се здебелив за половина час“, изјави таа. Досегашниот рекорд го држела Бурса Канимогла, со 194 шиш ќебапи изедени за 18 минути.

Сопственикот на ресторанот Илијас Демир вели дека следниот натпревар ќе биде за мажи, од кои ќе се бара да изедат над 300 шиш ќебапи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…