Home Актуелно Девојче од Радовиш прегазено од приколка на трактор што го управувал нејзиниот дедо

Девојче од Радовиш прегазено од приколка на трактор што го управувал нејзиниот дедо

Во утинските часови на 6 септември во полиција било пријавено за трагичен инцидент што се случил на влезот во радовишкото село Габревци.

Според пријавеното, 16-годишно девојче од Габревци, додека се возела на трактор кој бил управуван од нејзиниот 60-годишен дедо, паднала и била прегазена од полуприколката, по што починала на самото место.

Увид на местото на несреќата бил извршен од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…