Детската досада за време на летниот распуст и како родителите да го надминат овој проблем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Летото за децата кои одат во градинка или на училиште е период кој го носи детскиот распуст, кој пак, со неговото почнување, носи вистинска радост за најмалите.

Распустот и летото се период кој со себе носи и време кога децата треба најмногу да уживаат. Ослободени од училишните обврски или градинките, имаат многу слободно време. Доколку немате поблиски роднини во село или друг град и не можете да го испратите вашето дете кај баба и дедо, овој период може да биде прилично стресен за родителите бидејќи не знаат како да ги анимираат најмалите.

Освен тоа, ако како и повеќето родители, имате обврски на работа, едноставно немате време да се занимавате со нив, а тоа може да биде проблем и за најмладите, но и за родителите.

Според едно истражување, најчеста причина за досада кај децата за време на летниот распуст се недостатокот на активности на локално ниво (34 отсто), немањето хоби (31 отсто) и вишокот енергија што детето ја трошело на училиште (39 проценти).

Дополнителен проблем е доколку родителите немаат доволно пари на детето да му обезбедат летни активности, како што е посетата на летен камп, учење странски јазици и сл.

Децата како најголем проблем го посочуваат отсуството на другарчињата, горештината поради која остануваат дома со телефонот или пред телевизорот.

Според научниците, 12-ти август е преломен датум кога децата чувствуваат најголема монотонија за време на летниот распуст.

Исто така, тие напоменуваат дека летниот распуст е важно време кое родителите треба да го поминат со децата, дека е одлична можност за јакнеење на емотивната врска со децата и создавање на заеднички спомени. Меѓутоа, според истражувањето, дури 69% од родителите сметале дека за време на летниот распуст децата би требало да имаат образовни активности и да се занимаваат со наука, историја, географија и теми популарни за истражување.

Предлози за тоа како родителите го забавуваат своето дете

– Направете пикник во локалниот парк. Ова може да биде забавна групна активност, а вашето дете може да стекне нови пријатели.

– Цртежите со креда по плочникот може да бидат интересна активност за детето. Кредите не се скапи, а се забавни за децата.

– Кампувањето во двор е една од заедничките активности кои можат да бидат забавни и за децата и за родителите. Ако не можете да купите шатор, направете го. Можете да „кампувате“ и во дневната соба доколку живеете во зграда. Важно е да се побуди фантазијата на детето.

– Гледањето на ѕвездите и учењето на децата за основите на астрономијата е одличен начин да се забавувате. Поставете ќебе или лежалки во дворот или на терасата од станот и заедно со вашите деца гледајте ги ѕвездите и покажете им како да најдат некои интересните соѕвездија.

– Детските научни експерименти се уште една активност што може да го забавува детето додека е дома. Вашето активно учество ќе им се допадне на најмалите, ќе ја активира нивната имагинација, само погрижете се експериментот да биде безбеден. Исто така, објаснете му на детето дека тоа не смее да го прави без вас.

– Посета на некоја локална библиотека е добар предлог со оглед на фактот дека денешните деца читаат многу помалку од порано или воопшто не читаат. Библиотеките честопати имаат одлични предлози за децата за време на распустот.