Home Вебкафе Децата и родителското наследство: Што наследуваат генетски од мајката, што од таткото?

Децата и родителското наследство: Што наследуваат генетски од мајката, што од таткото?

Кога станува збор за физичките сличности во изгледот на едно дете со еден од неговите родители (или други претци), генетичарите тврдат дека има милијарда генетски комбинации кои одлучуваат за таа сличност, а дека секое дете е единствено.

На пример, големите уши се наследуваат по машка линија. Ако таткото има големи уши, најверојатно и детето ќе ги има. За ќелавоста „виновна“ е мајката односно нејзиниот татко или браќа. Ако вујкото нема коса, тогаш е мала веројатноста детето во подоцнежните години да има фризура.

Генетичарите тврдат дека и големиот ножен палец се наследува од мајката.

Машките деца од мајката наследуваат само еден икс хромозом, богат со гени кои ги одредуваат физичкиот изглед, додека икс хромозомот на таткото е сиромашен со таквите гени. Иако тоа не е правило, најчесто синовите личат на своите мајки.

Кај девојчињата има спротивна ситуација. Тие добиваат по еден икс хромозом од двата родители, па имаат подеднакви шанси да личат и на таткото и на мајката.

Ако едниот родител има кадрава коса, шансата е 99 проценти детето да има кадрици.

Карактеристиките кои се пренесуваат со доминантните гени се „дупчето“ на брадата, широка и мека ушна ресичка, споени или густи веѓи, бел прамен на косата кои најчесто ги имаат мажите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали бракот го продолжува очекуваниот животен век?

Одлуката за стапување во брак не треба да се донесе лесно. Постојат многу нешта што треба …