Home Живот и здравје Детето не сака да ви јаде зеленчук? Пробајте вака!

Детето не сака да ви јаде зеленчук? Пробајте вака!

Повеќето родители секојдневно мака мачат со своите деца за да јадат повеќе зеленчук и здрави намирници. Благодарение на науката, постои начин како вашето дете да изеде повеќе.

Трикот е во сервирањето, заклучува една австралиска студија спроведена од Deakin University’s Centre for Advanced Sensory Science. Тестирале 72 деца во пониските одделенија од основно училиште. Еден ден им дале 500 грама цели моркови, а другиот ден истата количина, но исечени на тркалца. Се покажало дека децата за 10% јадат повеќе морков кога им бил сервиран цел.

„Објаснувањето е сосема логично: порцијата на чинија за децата претставува норма која мора да ја исполнат, односно да изедат се што има во него, а тоа автоматски ги одбива. Вака сами си дозираат колку што сакаат, а истражувањето покажа дека јадат и повеќе“, вели д-р Ги Лием, шеф на истражувањето за Дејли Меил.

Тој тврди дека овој заклучок може да се примени и во обратен случај, односно кога им давате на децата чоколадо. Според него, подобро е да им се даде иситнето на коцки во порција, бидејќи така ќе изедат помалку.

Па, родители, пробајте!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кинеска диета – како да ослабете 5 кг за 7 дена?

Кинескиот систем на слабеење популарен е ширум светот Ако се соочувате со проблем од вишок…