Home Шоубизнис „Detainment“ – филм за едно убиство кој ги вознемири духовите на јавноста

„Detainment“ – филм за едно убиство кој ги вознемири духовите на јавноста

Меѓу номинираните за филмската награда Оскар во категоријата за најдобар краткометражен филм се најде и ирскиот филм „Detainment“, дело на режисерот Винсент Ламб.

Во него се раскажува за периодот непосредно пред и по убиството на бебето Џејмс Булгер во 1993, убиено од две момчиња. Режисерот и се извинил на мајката за користење на оригинални снимки што би ја вознемириле и повредиле.

Дениз Фергус, мајката на убиеното момче, е згорзена од снимањето на овој филм. Таа упати писмо и до американската филмска академија со апел да не го земат во предвид овој филм за најпрестижната филмска награда, бидејќи се болни сеќавањата на убиството на нејзиното дете, извршено од тогаш 10-годишните Роберт Томсон и Џон Вејнабл.

Над 90 000 луѓе во Ирска се потпишаа на претицијата во која се бара да се дисквалификува 30 минутниот филм.

Од друга страна, претседателот на Ирска, Мајкл Хигинс, веднаш по објавувањето на номинацијата, преку Твитер му честита авторот и на тимот кој стои зад филмот „Detainment”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…