Деновиве газдите мораат да исплатат К-15 – дали ќе се покажат со максимален износ или со минимум?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со истекувањето на овој месец полека, но сигурно, ситно се бројат деновите кога газдите од приватниот на сите компании во Македонија треба да им го исплатат на сите вработени во приватниот сектор регресот за годишен одмор К-15.

Газдитеги прават финалните пресметки – ќе ги почестат ли вработените со минималниот или со максималниот износ на регресот за годишен одмор, пишува Фактор.

А сумите се следниве, работодавачите мора најмалку да исплатат 10.170, но ако се повеликодушни можат да дадат и најмногу 14.920 денари. Согласно законските прописи, К 15 се пресметува минумум 40 проценти од просечната нето плата во последните три месеци, или максимум 40 отсто од исплатената бруто платата .

Какви казни ризикува газдата ако не го исплати регресот, или ако го плати но потоа ги бара назад парите од работникот, веќе е познато. Санкцијата е огромни 4.000 евра, но има и пострашна казна – затвор до една година.

Владините функционери постојано апелираат до работниците да си ги бараат своите права, а газдите што ќе ја избегнуваат обврската, да бидат пријавени.

Исплата на К-15 не можат да очекуваат бидејќи не им следува оние вработени лица кои ги опфаќа еден од следниве услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на К-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.