
Исхраната на Катарина Бајец е здрава
Веќе со години, докторката Катарина Бајец е стручно лице на кое многумина му веруваат. Нејзините емисии, каде што често угостува познати личности со кои разговара за здравјето, како и нејзините практични и корисни совети, ја направија едно од омилените лица во медицинската фела. Во продолжение, ви пренесуваме неколку совети за исхраната што таа ги применува во својот живот и откриваме како изгледа нејзиното секојдневие.
— Обожавам овошје, зеленчук, риба и супи. Јадам и месо, но не ми е омилено, па затоа не го консумирам често. Луѓето понекогаш не можат да поверуваат колку овошје и зеленчук јадам. Не сум приврзаник на екстремните рестрикции, бидејќи тоа не е добро за менталното и физичкото здравје.
Би советувала само да се внимава на количината. Клучот е умереноста. Претерувањето со храна, а потоа некакви режими на гладување или детоксикација што траат по пет дена и вклучуваат само сокови, претставуваат голем стрес за организмот — вели докторката, која не препорачува брза храна, иако признава дека понекогаш и самата ја консумира.
— Јас тоа го нарекувам празни калории, бидејќи не придонесуваат за здравјето и не ми носат задоволство. Затоа секогаш се трудам да имам време за здрав оброк, што и на другите им го препорачувам. Од друга страна, не се оптоварувам ако некогаш земам нешто што не е многу здраво, бидејќи генерално се хранам дисциплинирано, што е најважно. Не поддржувам ни трендовски режими на исхрана како гладување, освен ако има оправдана причина за тоа и ако не остава последици — истакнува Бајец, која никогаш не држела диети, дури ни по породувањето со двете деца.
— Никогаш немав проблем со тежината. Чиниш целиот живот изгледам вака како сега. Во првата бременост, кога бев студентка на втора година, а имав само 21 година, се здебелив само 10 килограми. Бев мошне амбициозна и без ден пауза, со мало бебе, продолжив со студиите.
Како што растеше синот, кој сега има 21 година, го следеше она што го учев. Веќе како многу мал, знаеше многу за човечкото тело. Не се одлучи за медицина, туку студира електротехника. Со второто дете, кое сега има четири години, бев бремена во позрели години, но ниту тогаш не добив на тежина повеќе од препорачаното — изјавува Катарина, која секогаш го потенцира доручекот како најздрав оброк.
— Денот ми започнува со топла лимонада или чај. Не пијам кафе, не сум нејзин љубител. Им се восхитувам на луѓето што ги разликуваат видовите и аромите на кафето. За мене, сето тоа е исто. Доручкувам рано. Некое време јадев овесни каши, но сфатив дека моето тело брзо ги метаболизира јаглехидратите и дека ми треба посилен оброк. Оттогаш, јадам јајца или лосос. Не го прескокнувам доручекот, бидејќи без него не се чувствувам добро. Морам да бидам искрена и да кажам дека никогаш не се откажувам од благо – го обожавам. За среќа, сум утрински тип, па благо што ќе го изедам наутро, се троши до крајот на денот. Ако се јаде наутро, тоа е енергија за мозокот, а ако се земе навечер, тогаш станува масни наслаги на стомакот — објаснува познатата докторка.