Home Актуелно Денеска средба на Иванов со Путин

Денеска средба на Иванов со Путин

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Москва ќе се сретне со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Вчера патријархот на Руската православна црква Кирил, на свечена церемонија што се одржа во храмот Христос Спасител во Москва, на претседателот Иванов му ја врачи наградата Неговата светост патријарх московски и на цела Русија Алексеј Втори со која е одликуван за 2016 година.

Престижната меѓународна награда која му се доделува на претседателот Иванов е признание на неговите заложби во зајакнување на меѓу­православните односи, улогата на религијата во општеството и воспоставување, односно јакнење на принципите на верска толеранција.

Иванов претходно оствари средби со Патријархот на Руската православна црква, Кирил и со епископ Тихон, викар на патријархот московски и на цела Русија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…