Денешниот четврток носи студено утро и топол сончев ден


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето денеска, четврток, 12. октомври, наутро ќе биде студено, а преку ден претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР. Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 11 Целзиусови степени, а максималните од 20 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 8, а максималната 27 Целзиусови степени.

Во наредните денови не очекува слично време со ниски утрински температури и сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.