Денес започнува изборната кампања за изборите во декември

Од денес започнуваат кампањите на политичките партии за изборите, и во наредните дваесет дена, низ државата ќе кружат караваните на партиите кои ќе се обидат да соберат што е можно повеќе гласови.

ВМРО-ДПМНЕ , традиционално, изборната кампања ќе ја започне со митинг во Охрид. Опозициската СДСМ за разлика од досегашните избори годинава тргнува од Прилеп каде е закажан првиот митинг. ДУИ вчера ги претстави носителите на листите во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а официјалниот почеток на кампањата е во понеделник во кумановско Липково.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја стартува кампањата од исто така од Охрид, но митингот е закажан ден подоцна, односно во вторник. „Коалицијата за промени и правда“ почнува во понеделник од скопскиот хотел Континентал.

Од Државната изборна комисија (ДИК) потсетија дека до завршувањето на изборите, односно до 12 декември, е забрането рекламирањето финансирано од држваниот буџет односно од Владата.