Денес на пладне инаугурација на Пендаровски на претседателската функција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На денешната собраниска седница, со свечената изјава која ќе ја даде, Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран како нов претседател на Република Северна Македонија. На оваа свечена седница ќе бидат присутни државници од соседните земји, претставници на дипломатскиот кор и други гости.

„На седницата на која претседателот на Република Сверна Македонија ќе даде свечена изјава ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, бугарскиот претседател Румен Радев, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи“, пренесуваат од Собранието.

Грција ќе ја претставува шефот на дипломатијата, Јоргос Катругалос, а Црна Гора министерот за надворешни работи Срѓан Дамјановиќ.

„Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, утре, 12 мај ќе замине за Скопје за да ја претстави грчката влада на инаугурацијата на новиот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски“, – се вели од соопштението на грчкото МНР.

Полска и Турција ќе ги претставуваат замениците министри за надворешни работи, Мациеј Ланг и Фарук Кајмакчи. Словенија ќе ја претставува висок претставник од кабинетот на претседателот Борут Пахор. Покани за присуство на инаугурацијата македонското министерство за надворешни работи испрати до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ. По свечената собраниска седница.

Официјалното примопредавање на претседателската функција ќе биде во претседателската резиденција на Водно, каде што на кратка церемонија досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов, според најавите, треба да му ја предаде должноста на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, а на која веројатно ќе разменат и неколку реченици, особено откако Иванов ги враќаше Законите во Собранието на кои стоеше новото уставно име на земјава, а за кои пак Пендаровски рече дека веднаш штом стапи на функцијата ќе ги потпише. Тие потоа заеднички ќе се сретнат со членовите на Кабинетот на претседателот.