Денес Грција ги затвора граничните премини за влез од Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Грчките власти денес ги затвораат граничните премини за влез од Македонија, преку „Меџитлија“ и „Стар Дојран“, според новите протоколи на грчката влада за заострување на рестриктивните мерки поради ковид-19.

До македонските власти доставено е известување дека премините ќе бидат затворени за патнички и товарен сообраќај од денес на полноќ до вторник (4 август).

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го направат на грчкиот граничен премин „Евзони“, се наведува во соопштението од МВР.