Home Шоубизнис Дејан Станковиќ откри детали за бракот со Ана: Тој беше причината што се оженив толку млад

Дејан Станковиќ откри детали за бракот со Ана: Тој беше причината што се оженив толку млад

Дејан Станковиќ проговори за бракот со Ана: Тој имаше влијание да се оженам толку млад

Веста за разводот на Ана и Дејан Станковиќ, по повеќе од две децении брак, ги изненади многумина, особено бидејќи поранешната сопруга му беше најголема поддршка на легендарниот фудбалер низ целата негова кариера и столб на нивното семејство.

Љубовната приказна на Ана и Дејан започна пред повеќе од 23 години, а круна на нивната заедница се трите синови – Стефан, Филип и Александар. И самиот Дејан во повеќе наврати истакнуваше колку Ана му била важна во воспитувањето на децата и колкаво значење имала во сите фази од неговиот живот.

– Ана е љубов, поддршка, поткрепа, вера и надеж – изјави тој во една прилика.

Сепак, Станковиќ, во интервју по смртта на блискиот пријател и кум Синиша Михајловиќ, откри еден интересен детаљ – дека токму покојниот Миха имал најголемо влијание врз неговата одлука да се ожени млад и да формира семејство.

Со легендарниот Синиша поминал пет и пол години во Лацио, а нивниот однос прераснал во нераскинливо пријателство и кумство.

– Тој однос со него, тие пет и пол години во Лацио и тој пример, голема фамилија. Јас станав татко доста млад. До 27 години веќе имав тројца синови. Како што гледаш еден модел, еден пример, ми се допаѓаше начинот на кој тој го живееше животот, начинот на кој го водеше своето семејство, како се бореше за своите, како заштитнички стоеше.

– Тоа нешто се пренесе и во мене, многу брзо созреав и со Ана бргу решивме да имаме деца. Со 27 години веќе тројца синови – мислам дека тоа е еден убав чекор и огромна одговорност што ти го менува животот. Со 22 години првиот, со 23 и пол – вториот… Сигурно дека тој имаше влијание врз мене и во тие сфери – раскажа Станковиќ во разговор за Телеграф.

Со насмевка се потсети и на анегдотите кои ги делеле, и истакна дека никогаш немало дилема кој ќе биде кум на неговите деца.

– Тоа никогаш не беше тема за расправа, ниту секунда – толкаво влијание имаше врз мене. Го прифатив и го доживеав како член на семејството, и повеќе од тоа – со еден респект кој не може да се опише. Тој респект беше присутен до неговиот последен ден. Самото тоа што го нарекував „ќале“, иако тој се противеше – му беше мило, ми велеше “не сум толку стар”, ама не беше поентата во годините, поентата беше баш тоа – „ќале“ – рече Деки со тага во гласот, не криејќи каква поддршка му бил Синиша и каков белег оставил во неговиот живот.

Иако Дејан и Ана се разведоа, приказната која ја сподели открива дека она што заедно го изградија – семејството и децата – останува засекогаш најголемата вредност, а влијанието на Синиша Михајловиќ, како и нивното блиско пријателство, се дел од патот кој го обликуваше Станковиќ и го научи дека љубовта, лојалноста и семејството се безвредни во пари, но со најдлабоко значење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …