Дефицит на работници: Компаниите во оваа земја се во криза за вработени


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скоро половина полски компании се соочуваат со проблеми при наоѓање на нови вработени, поради што се намалуваат новите инвестиции, покажуваат податоците од последниот извештај на Work Service, најголемата агенција за селекција на персонал во Полска.

„Повеќе од една година, секоја втора компанија во Полска посочува за проблеми во привлекувањето нови вработени”, се вели во соопштението на агенцијата Ројтерс. Се додава дека пред две години, 35% од компаниите кои учествувале во истражувањето имале недостиг од персонал.

„Долгорочните последици од оваа појава се многу загрижувачки, со оглед дека сме соочени со огромни демографски проблеми”, вели извршниот директор на Work Service Мачеј Витуцки.

Невработеноста во Полска, чие општество е едно од најпознатите по стареењето во ЕУ, е намалена до 5,9% во јуни и е на најниско ниво од октомври 1990 година

Намалувањето на невработеноста и зголемувањето на платите во брзо растечката економија се означени како ризик од централната банка на земјата.

„Треба да се справуваме со ситуација каде што економијата се развива со прилично добро темпо и впива вработени како сунѓер“, истакнал членот на Советот на монетарната политика Јиржи Кропивницки за Ројтерс во јули.

„Ситуацијата малку се подобри од приливот на вработени од Украина и Белорусија, но како можеме да забележиме притисокот на побарувачката на пазарот на трудот е значителен”, дополнува Кропивницки.

Извештајот на Work Service покажува дека недостатокот на персонал натерал 16,4% од компаниите да ги намалат своите нови инвестиции, што е за 3,6 процентни поени над нивото пред една година.

Инвестициите во Полска се намалија во текот минатата година делумно поради помалиот прилив на средства од ЕУ, но се съживиха во вториот квартал од оваа година. Аналитичарите велат дека приватните инвестиции остануваат слаби.