Дарко Лешоски се повлекува од СВП


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По притисокот од јавноста и големите реакции на Фејсбук, по Зиков и поетот Дарко Лешоски се повлекува од местото Претседател на управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.

Се откажувам од претседателствувањето со УО на Струшките вечери на поезијата, но сум отворен за секаква помош кон враќањето на некогашната слава на оваа манифестација, изјави Дарко Лешоски во интервју за Дојче Веле.

-Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се повлекувам и се откажувам од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Се заблагодарувам на укажаната доверба и останувам посветен на мојот примарен ангажман во Сервисот за односи со јавност на Владата. Нека биде ова почеток на една поинаква демократска практика, вели Лешоски, кој од назначувањето беше критикуван и од експерстката јавност, и на социјалните мрежи, дека местото на кое е назначен не соодветствува со неговото поетско портфолио, но и со негативните изјави кои во минатото ги давал за оваа манифестација.