Home Шоубизнис Дарежлив роденденски подарок од 1 милион долари од Канје за Ким

Дарежлив роденденски подарок од 1 милион долари од Канје за Ким

Славната Ким Кардашијан неодамна го прослави 39. роденден, а на Инстаграм откри каков неочекуван подарок добила од нејзиниот сопруг Канје Вест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Наместо да ја бомбардира со скапи подароци, Канје донираше милион американски долари во име на реформите во затворите, а Ким откри дека подарокот ја воодушевил.

„Тој донираше милион американски долари во моите омилени добротворни организации кои напорно работат на реформа на затворите во мое име , на негово и на децата. Тоа ме направи многу среќна“, напиша таа со фотографијата на Инстаграм.

Ким исто така објави потврда за исплата на „Инста приказна“ во која се гледа дека Канје донирал пари за организациите : “Cut 50”, “Buried Alive Project”, “Equal Justice Initiative” и “Antic-Recidivism Coalition”.

И сестрата на Ким , Кортни, го пофали Канје во коментарите. „Канје има најдарежливо срце. Тоа е толку инспиративно“, напиша таа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…