Home Шоубизнис Данило Икодиновиќ призна: Тешко е, сè се распадна

Данило Икодиновиќ призна: Тешко е, сè се распадна

Данило Икодиновиќ призна: Тешко е, сè се распадна

Данило Икодиновиќ и Маја Огњеновиќ се разведуваат по девет години брак. Одлуката да се разделат ја донеле тивко, а од ова лето веќе не живеат под ист покрив. За Икодиновиќ, ова е трет развод, по браковите со Ања и Наташа Беквалац.

Иако за последниот развод сè уште не се има јавно огласено, Данило претходно зборуваше за разводот од пејачката Наташа Беквалац. Во една исповед на К1 телевизија, тој го опиша тој период како еден од најтешките во неговиот живот.

– Требаше доста време за да се расчистат работите. Разводот дојде, а несреќата не влијаеше многу на тоа. Веќе беше на работ со Наташа… ионака ќе се случеше. Нови Сад никогаш не ми беше средина, тоа не е мојот град.

Тој додаде дека не се чувствувал прифатен во Нови Сад и дека тежнеел кон враќање во Белград.

– Тешко ми беше поради сè што се пишуваше во медиумите. Почуствував олеснување после разводот, како да симнав ранец од грбот.

На крајот заклучи:

– Ми требаше многу време да расчистам некои нешта и да се справам со животот кој го живеев пред несреќата. Наскоро потоа дојде и разводот со Наташа, што за мене беше многу тежок, како и за секој што поминува низ такво нешто. Мислам дека несреќата не влијаеше многу на разделбата, туку работите и така завршуваа поради многу други причини.

– Се пишуваше сешто и се полемизираше, тоа ми беше најтешко, бидејќи постојано бев низ весниците. И нормален човек би полудел, а не пак јас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …