Home Мода и убавина Дали намалувањето на кортизолот е тајната за вистински glow-up?

Дали намалувањето на кортизолот е тајната за вистински glow-up?

ТикТок не престанува да зборува за поимот „cortisol face“ – ајде да откриеме за што станува збор.

Нова година, нова beauty и wellness опсесија од ТикТок! Овој пат, главна тема е кортизолот – хормонот на стресот, кој, според виралните видеа, може да биде главен виновник за изморена, подуена и безживотна кожа. Ако некогаш сте се запрашале како некои девојки успеваат целосно да го трансформираат својот изглед и да зрачат со свежина и енергија, можеби тајната е токму во контролата на овој хормон.

ШТО ТОЧНО Е „CORTISOL FACE“?

Овој тренд ја открива врската помеѓу високиот нивo на кортизол и промените на лицето – подуеност, зголемена маснотија, акни, темни подочници и сив, изморен тен. Сè повеќе кориснички на ТикТок споделуваат свои „пред и потоа“ фотографии, покажувајќи како, намалувајќи го стресот, успеале да добијат блескава и затегната кожа.

ШТО ТОЧНО Е КОРТИЗОЛ?

Овој хормон, кој го лачат надбубрежните жлезди, има клучна улога во регулацијата на метаболизмот, имунолошкиот систем и нивото на шеќер во крвта. Сепак, кога сме постојано под стрес, нивото на кортизол расте, што доведува до задржување на течности, воспаленија и забрзано стареење на кожата.

КАКО КОРТИЗОЛОТ ВЛИЈАЕ НА ВАШИОТ ИЗГЛЕД?

Зголемена подуеност – Поради задржувањето на течности, лицето може да изгледа отечено и безживотно.

Намалување на колагенот – Кожата ја губи еластичноста, а брчките и опуштеноста стануваат позабележителни.

Вишок себум – Зголеменото лачење на масло може да доведе до акни и нерамномерен тен.

Забавена циркулација – Кожата го губи здравиот сјај и изгледа уморна.

Темни подочници – Стресот и недоволниот сон дополнително ги нагласуваат подочниците и создаваат изморен изглед.

КАКО ИНФЛУЕНСЕРКИТЕ ОД ТИКТОК ГО ПОБЕДИЈА „CORTISOL FACE“?

Една од првите што проговори за овој феномен е Татијана, која преку вирални видеа ги сподели тајните на својот сјај. Нејзините совети:

Хидратација пред и по тренинг – Водата помага во детоксикацијата на телото.

Без кафе на празен стомак – Избегнувањето кофеин рано наутро спречува хормонални осцилации.

Умерен тренинг – Наместо исцрпувачки кардио-сесии, избира пилатес и долги прошетки.

Утринска рутина без телефон – Првиот час од денот го посветува на себе, наместо на doomscrolling.

Дневник на благодарност и медитација – Доказано го снижуваат нивото на стрес и го подобруваат расположението.

Нејзиното видео има повеќе од 11 милиони прегледи, а многу кориснички потврдуваат дека овие едноставни промени навистина можат да придонесат за видлива трансформација.

ДАЛИ Е СЕ ОВА САМО ТИКТОК МИТ?

Стручњаците предупредуваат дека „cortisol face“ може да биде симптом на посериозни здравствени проблеми, како што е Кушинговиот синдром. Сепак, здравите навики како балансирана исхрана, правилна хидратација и умерено вежбање несомнено можат да придонесат за подобра кожа и целокупно здравје.

Ако барате начин да го подобрите вашиот изглед и расположение, размислете за техники што го намалуваат стресот. Можеби токму контролата на кортизолот е клучниот чекор кон вашиот совршен glow-up!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Томи Хилфигер со ултимативен водич за летен стил

Гардероба со освежувачки, лесни парчиња идеални за секојдневно стилизирање без напор. Лето…