ДАЛИ ЛЕБОТ ДЕБЕЛЕЕ? ОДГОВОРОТ ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ!
Вечно прашање на кое жените се обидуваат да добијат одговор е – дали лебот дебелее?
Жените во Австралија одлучиле да му веруваат на митот дека лебот треба да се јаде секојдневно. Ново истражување покажа дека 43 отсто од жените го избегнуваат лебот кога сакаат да ослабат, додека 20 отсто чувствуваат вина кога јадат леб во оброкот.
Истражување спроведено на 1.000 жени на возраст од 25 до 65 години имаше за цел да го разоткрие овој мит и да го промени ставот кон лебот.
Истражувањето покажа дека една третина од жените бараат поздрави алтернативи за лебот, додека 65 отсто сметаат дека здравата замена за леб треба да биде подостапна. Освен тоа, родителите им го ограничуваат внесот на леб на своите деца со цел да не добијат на тежина.
– Правилниот избор на леб може да донесе многу здравствени придобивки, вклучувајќи подобро варење, повеќе енергија, здраво срце и тело, – изјави нутриционистката Шерон Натоли. Таа додаде дека нема докази дека лебот придонесува за дебелеење.
– Луѓето не се свесни за значајните придобивки што ги нуди интегралниот леб, како што се растителните влакна, витамините од Б-групата и магнезиумот – рече Шерон.
Таа уште истакна дека лебот е храна која се препорачува од здравствените власти како дел од здрава и рамнотежена исхрана.