Home Живот и здравје Дали кучињата можат да имаат кошмари?

Дали кучињата можат да имаат кошмари?

Кога кучињата сонуваат?

Кучињата сонуваат за време на РЕМ фазата од сонот, исто како и луѓето. Сепак, за разлика од нас, тие побрзо влегуваат во оваа фаза. Кај кучињата, РЕМ фазата започнува приближно 15 минути откако ќе заспијат и може да трае само неколку минути. Истражувањата покажуваат дека кучињата имаат сонови, и тоа мошне живописни, кои, според научниците, се базирани на нивните сеќавања. Обично сонуваат настани што им се случиле во реалниот живот.

Дали кучињата некогаш имаат ноќни кошмари?

Се смета дека и кучињата можат да доживеат ноќни кошмари. Тие најчесто опфаќаат ситуации што ги вознемируваат или не им се пријатни. Сè зависи од карактерот на кучето и неговите искуства. Секој настан што предизвикува стрес или анксиозност може да биде причина за кошмар. Дури и на прв поглед незначителни работи, како шишање нокти или посета на ветеринарот за вакцина, можат да доведат до непријатни соништа. Најчесто, кучиња кои поминале низ некој облик на злоупотреба се посклони кон вакви соништа.

Како да знаете дали вашето куче има ноќна мора?

Тешко е со сигурност да утврдите дали кучето сонува нешто убаво или има кошмар додека спие. Меѓутоа, постојат суптилни разлики што полесно ќе ги забележите колку повеќе го набљудувате додека спие. Кога сонува нешто пријатно, ќе забележите треперење на шепите, клепките и ушите. Не би требало да се појават знаци на стрес.

Кога има кошмар, кучето може да ржи или да цвили во сон. Ако се работи за навистина страшен сон, можно е нагло да се разбуди, поради што не се препорачува веднаш да го разбудите, бидејќи може ненамерно да ве нападне. Доколку ноќната мора трае повеќе од 5 минути, размислете за будење – но со голема претпазливост. Не го допирајте, туку пробајте да го разбудите со звук. Вашиот глас или малку погласна музика може успешно да го разбуди од лошиот сон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…