Home Живот и здравје Дали го земате витаминот Д во погрешно време? Еве кога најдобро се апсорбира!

Дали го земате витаминот Д во погрешно време? Еве кога најдобро се апсорбира!

ДАЛИ ГО ЗЕМАТЕ ВИТАМИНОТ D ВО ПОГРЕШНО ВРЕМЕ? ЕВЕ КОГА НАЈДОБРО СЕ АПСОРБИРА!

Со влегување во најтоплите и најсончевите денови од годината, телото се обидува да го надомести она што му недостасуваше во изминатите студени месеци – витаминот D.

Познат и како „сончев витамин“, витаминот D е еден од клучните нутриенти што влијае врз речиси секој аспект од нашето здравје – од имунитетот, па сè до квалитетот на сонот и расположението.

ЗОШТО Е СЕГА ВАЖНО ДА СЕ ВНЕСУВА ВИТАМИН D?

Сончевата светлина во моментов е поинтензивна одошто во претходните месеци и нашето тело сака да се поврзе со светлината и топлината што му недостасуваа. По долги зимски месеци со ограничена изложеност на сонце, резервите на витаминот D во телото често се намалени. Затоа, дури и кога времето е потопло и повесело, можно е да се чувствуваме без енергија, слабо, па дури и потиштено. Тоа не е случајно.

Витаминот D не е важен само за здрави коски и силен имунолошки систем, туку игра голема улога и во менталната рамнотежа, добро расположение и спиење. Особено во премините од една сезона во друга, витаминот D може да биде вредна поддршка за нашето тело и ум.

КОЈА Е ЗАБЛУДАТА ЗА ВИТАМИНОТ D И СОНЦЕТО?

Многумина или претеруваат со изложување на сонце без заштита – што може да ѝ наштети на кожата – или пак целосно го избегнуваат сонцето поради страв од оштетување. Во двата случаи, телото не создава витамин D на ефикасен начин. Клучот е во контролирана и умерена изложеност на сонце, но и во соодветно земање суплементи.

Иако на Балканот и во Македонија уживаме во сонце повеќе од 200 дена во годината, околу 70% од луѓето имаат недостаток на овој витамин. Како е тоа можно? Нашата кожа произведува витамин D кога е изложена на UVB зраци од сонцето – истите оние што можат да предизвикаат повреди ако се премногу интензивни. Луѓето со потемен тен, кои се чести кај медитеранските и јужните народи, треба да бидат подолго на сонце за да произведат иста количина на витамин D како луѓето со посветол тен. Тоа е затоа што меланинот во кожата делува како природна заштита и го намалува продорот на UVB зраците, а со тоа и синтезата на витаминот D.

КОГА Е НАЈДОБРОТО ВРЕМЕ ДА СЕ ДОБИЕ ПРИРОДЕН ВИТАМИН D ПРЕКУ СОНЦЕТО?

Најповолно време за телото да произведе витамин D е помеѓу 11 и 13 часот, кога UVB зраците се најсилни. Доволно е да се поминат 10 до 15 минути на сонце со откриени раце, нозе или лице – не е потребно подолго и вака е побезбедно отколку да се остане на сонце со часови без заштита. Така телото може ефикасно да ја активира продукцијата на витаминот D, без да се загрозува здравјето на кожата.

КОГА И КАКО ДА СЕ ЗЕМА СУПЛЕМЕНТ ОД ВИТАМИН D?

Ако користите витамин D во форма на додаток, важно е да знаете дека најдобро време за негово земање е наутро или околу пладне, и тоа заедно со оброк што содржи здрави масти. На пример, со авокадо, маслиново масло, јаткасти плодови или масна риба. Витаминот D е растворлив во масти, па така многу подобро се апсорбира ако се внесе со храна што е богата со масти.

Препорака е да се избегнува земање на витамин D навечер, бидејќи има докази дека може да влијае врз квалитетот на спиењето. Правилното дозирање и изборот на време за внес на витамин D се клучни за искористување на неговите бенефити. За да останеме енергични, силни и со добро расположение, важно е да најдеме рамнотежа меѓу здравото изложување на сонце и правилната суплементација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …