Home Вебкафе Дали е ова најдолгата змија на светот? (видео)

Дали е ова најдолгата змија на светот? (видео)

Иако според податоците од Гинисовата книга на рекорди најдолгата змија на светот има должина од 7,67 метри (подоцна се уловени и питони со должина од 8 метри), снимката од 1959 година која ви ја пренесуваме открива дека на светот постојат значително подолги (дури и двојно подолги) влекачи.

Автор на славната снимка од пред повеќе од половина век е белгискиот полковник Реми Ван Лиерде, кој гигантската змија ја снимил на територија од тогашно Белгиско Конго, а денешна Демократска Република Конго.

Лиерде кој со хеликоптерот ја надлетувал областа кога забележал дека долу ползи огромно суштество кое го идентификувал како змија, а според неговиот впечаток и споредба со големината на хеликоптерот, должината на телото од животното надминувала 15 метри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Нова серија за Селин Дион открива како започна глобалната икона

Животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Селин Дион, наскоро добива …