Home Шоубизнис Да не не знае да каже тој: „Оскарите беа слабо гледани затоа што…“

Да не не знае да каже тој: „Оскарите беа слабо гледани затоа што…“

Иако веќе подолго време е на најмоќната позиција во светот, претседател на САД, Доналд Трамп уште ја користи секоја прилика за негова шоубизнис промоција и шеретско наметнување во светот на забавата.

Овој пат тој се пошегува за ниската гледаност на доделувањето на Оскарите.

„Најниска гладаност на Оскарите во историјата. Проблемот е што повеќе немаме ѕвезди – освен вашиот претседател“, напиша Трамп на Твитер.

Церемонијата на доделување на Оскарите ја следеле 26,5 милиони гледачи, што е рекордно мал број. Првпат доделувањето на Оскарите го гледале помалку од 30 милиони луѓе.

Во САД, Оскарите се често најгледана шоу програма на телевизија по Супер Бол, но годинава тоа не беше случај. Отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го следеа 27,8 милиони гледачи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …