Чулев тврди: Истрагата за фалсификуваните пасоши беше речиси завршена во мое време – не знам зошто Спасовски чекаше досега


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Истрагата за издавањето на фалсификувани пасоши беше речиси комплетирана во периодот кога бев министер, но заради задржување на професионален однос и несакањето да биде ставена во контекст на парламентарните избори, истата не финишираше односно не беше обелоденета, изјави техничкиот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев.

„Која е причината поради која се чекаше недозволиво долг период кога во континуитет се издаваа македонски пасоши исклучиво знае Оливер Спасовски и одговорноста е исклучиво негова. Тој е министерот на кој редовно намерно или ненамерно му се случуваат сериозни пропусти во работењето што резултира со последици по меѓународната репутацијата и интегритетот на државата, а што се отсликува и со рапидниот пад на Македонија на листата на земји по степен на корумпираност. Сега е крајно време Оливер Спасовски да понесе најмалку морална и политичка одговорност и да ја препушти оваа одговорна функција на личност која максимално посветено и чесно ќе ја извршува истата“, напиша Чулев на фејсбук.
Според него, недозволиво е земја членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ да дозволи со години да биде сериозна логистичка база за најозогласени криминални транснационални картели.