Чулев го обвинува бившиот директор на РЕК, Ковачевски, дека рекетирал приватна фирма


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во рамки на посетата на Битола обвини дека поранешниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски и раководството вршеле изнуда врз фирма која се јавила и добила тендер.

Причината за притисокот, според чулев е политичка позадина бидејќи како што кажа, на местото на фирмата која го добила тендерот било присилно барано да застане фирма блиска до СДСМ.

Генералниот директор на АД ЕСМ и поранешен директор на РЕК Битола Васко Ковачевски ги отфрли обвинувањата упатени до него, и рече дека се уште еден доказ за злоупотребата на полицијата од страна на опозицијата.

Сега МВР случајот со Ковачевски го предале на надлежното обвинителство за понатамошно постапување, додека Ковачевски најави поднесување на кривична пријава против Наќе Чулев.