Home Вебкафе Чуден грабеж: Од магацин во Лас Вегас украдоа 30.000 кондоми (видео)

Чуден грабеж: Од магацин во Лас Вегас украдоа 30.000 кондоми (видео)

Магацинот од шведскиот произведувач на секс играчки во Лас Вегас, во текот на минатиот викенд, во два наврати беше мета на грабеж.

Откако украдоа кутии во кои имаше 30.000 кондоми, на ист начин провалија во магацинот и однесоа роба вредна 15.000 долари.

„Каква забава прават овие луѓе? Можевме да им дадеме некое спонзорство или нешто слично“, напиша сопственикот на компанијата за секс играчки Лело, нарекувајќи ги крадците „најнапалените криминалци на светот“.

„Кој и да ги зел кондомите и секс играчките, веројатно не ги зел за тестирање“, изјави претставникот на Лело, Давор Солво.

Грабежот го снимила надозорната камера чија снимка Солво ја предал на полициската станица Метрополитен во Лас Вегас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…