Home Шоубизнис „Читањето за мене е како јадење прокељ“ – Канје Вест нема прочитано ниту една книга во животот

„Читањето за мене е како јадење прокељ“ – Канје Вест нема прочитано ниту една книга во животот

Популарниот рапер Канје Вест тврди дека никогаш во животот не прочитал ниту една книга.

Раперот ова го откри за време на гостувањето во подкастот „Hello Mind Full“.

– Всушност, немам прочитано никакви книги. Читањето за мене е како јадење прокељ, изјави Вест.

Иако Вест не мисли дека книгите се важни, не е јасно дали тоа верување им е пренесено на децата од Академија Донда на која основач и сопственик е Вест. Училиштето беше отворено кон крајот на август, а „Ролинг Стоун“ откри дека родителите морале да потпишат договор за тајност за нивните деца да можат да одат во тоа училиште.

Училиштето го носи името на покојната мајка на Вест, која била учителка, а се наоѓа во Калифорнија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …