
Во светот на убавината, сè почнува (и завршува) со чисто лице.
Без разлика дали станува збор за целосен гламурозен изглед или ден без шминка, чистата кожа е основата на секој совршен тен. Квалитетното чистење не е само освежувачко – тоа е апсолутен предуслов за здрава, сјајна и негувана кожа.
Зашто, да бидеме реални – кожата секојдневно впива загадување, маснотии, шминка, стрес и… сè друго што не ѝ припаѓа. Ако не се исчисти навреме, доаѓа до затнати пори, акни, митисери и оној сивкаст сјај што дури ни хајлајтер не може да го сокрие.
Зошто вистинското средство за чистење е како супер-јунак за кожата?
Затоа што ѝ овозможува на кожата да „дише“, им помага на сите други производи подобро да се апсорбираат и го спречува хаосот што може да настане кога порите велат – доста е!
Колку често?
Идеално: двапати дневно. Утрoшното миење го отстранува вишокот себум и токсини од ноќта, додека вечерното чистење го брише целиот ден – шминката, градската прашина, стресот и загадувањето.
Еден чистач засекогаш? Не баш.
Кожата се менува – зависи од сезоната, хормоните, стресот, климата. Во зима ѝ треба понежна, покремаста формула, додека летото ја бара лесната гел текстура која освежува и не ја затега кожата. Вистинското средство за чистење е темел на секоја skincare рутина. Со него доаѓа блескав тен, чиста кожа и чувство дека сè оди како што треба.
Посакувате лице што вика „се разбудив ваква“? Еве ги топ 4 производи што ја прават кожата среќна, чиста и совршено сјајна!