Home Мода и убавина Чевлите во оваа боја се тајната состојка за совршен летен бел стајлинг што освојува

Чевлите во оваа боја се тајната состојка за совршен летен бел стајлинг што освојува

Летото е во полн ек, сонцето бескомпромисно грее, што значи дека внимателно ја избираме гардеробата – таа мора да биде пријатна, лесна, да „дише“ и да изгледа совршено од утро до вечер.

Постои ли подобра основа за летна комбинација од безвременската бела? Лен, памук, лежерни кроеви – тотал бел стајлинг кој зрачи со свежина и софистицираност. Но, како да го подигнеме стајлингот на следно ниво, додавајќи му доза на сјај и гламур, а притоа да задржиме природен и ненаметлив изглед? Одговорот е – златни чевли.

Тие не се само обувки, туку мали модни бисери кои ја фаќаат светлината и ја рефлектираат како нежна аура од „златен час“, во текот на целиот ден и вечерта. Сетете се само на стилот на убавата Елса Хоск, која во бел, без-ракави комплет, доминираше благодарение на нејзините рамни златни чевли од брендот Алаја. Овој стајлинг е доказ дека и наједноставниот изглед може да добие луксузна димензија со само еден златен детаљ.

Златните чевли се омилен избор меѓу стилистките и модните уреднички кои сакаат да избегнат клише комбинации во црна или неутрална нијанса, а сепак да изгледаат елегантно и модерно. Совршено се комбинираат со ленени и памучни парчиња, тотал бел изглед, но и со лежерен тексас или дури и со летни костими, додавајќи доза на префинетост и блескав шарм.

Затоа, доколку барате мала, но силна промена која ќе го освежи летниот ормар и ќе му даде нов живот дури и на наједноставните парчиња, вложување во еден пар златни чевли е вистинскиот потег. Ќе се изненадите колку лесно и ефективно можат да го трансформираат секој стајлинг.

Погледнете ја нашата галерија со најактуелните модели на сезоната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Лесни течни пудри за лето – совршен спој на свежина и природен сјај

Летната шминка започнува со лесна течна пудра – онаа која не ја оптоварува кожата, а нуди …