Патикиве неколку сезони беа незаменлив дел од секојдневните комбинации, носејќи удобност, едноставност и чувство на модерен стил. Откако станаа вистински моден тренд, сите ги интегриравме во нашата гардероба како практичен и стилски избор. Меѓутоа, дури и кога посакуваме таа удобност што ни ја даваат патики, понекогаш бараме малку поинаков изглед.
Во моменти кога сакаме опуштена, но сепак префинета модна комбинација, рамните чизми се се почест избор. Тие оваа сезона привлекуваат внимание, потиснувајќи ги патиките во втор план и се наметнуваат како неопходен елемент во женскиот плакар. Благодарение на нивната разновидност, тие одлично се комбинираат со здолништа, панталони со прав крој, широки панталони, фустани, хеланки и дури и комбинезони.
Модните брендови нудат широк спектар на модели — чизми со врвки, со масивен ѓон, со едвај забележлива потпетица или пак исклучително удобен рамно обликуван ѓон — со што ја олеснуваат потрагата по вистинскиот модел кој соодветствува на личниот стил.